Претседателите на управните одбори на „Медија принт Македонија“ и „Европа прес-холдинг“, д-р Срѓан Керим и Нинослав Павиќ, во Загреб потпишаа договор за стратегиско партнерство меѓу двете медиумски компании. Според договорот, двете медиумски куќи ќе соработуваат во областа на издаваштвото и логистичките дејности кон издаваштвото, што подразбира, меѓу другото, заеднички настап на пазарот, размена на ноу-хау, франшизинг во областа на печатењето и дистрибуцијата, како и реализација на заеднички проекти во областа на издаваштвото. Со оглед на формирањето на првиот универзитет за медиуми во Хрватска, од „Европа прес-холдинг“ е договорено соработката на овој план да вклучи образование на новинари и уредници на изданијата на МПМ на овој универзитет во областа на журнализмот, менаџирањето на медиуми и истражувачкото новинарство.
Претседателите на управните одбори на „Медија принт Македонија“ и „Европа прес-холдинг“, д-р Срѓан Керим и Нинослав Павиќ, во Загреб потпишаа договор за стратегиско партнерство меѓу двете медиумски компании.
Според договорот, двете медиумски куќи ќе соработуваат во областа на издаваштвото и логистичките дејности кон издаваштвото, што подразбира, меѓу другото, заеднички настап на пазарот, размена на ноу-хау, франшизинг во областа на печатењето и дистрибуцијата, како и реализација на заеднички проекти во областа на издаваштвото.
Со оглед на формирањето на првиот универзитет за медиуми во Хрватска, од „Европа прес-холдинг“ е договорено соработката на овој план да вклучи образование на новинари и уредници на изданијата на МПМ на овој универзитет во областа на журнализмот, менаџирањето на медиуми и истражувачкото новинарство. Првиот чекор во соработката на двете компании е веќе направен преку воспоставената соработка за размена на содржини помеѓу магазините „ТЕА модерна“ и „Глорија“.